среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 134
home Вести

СКАНДАЛ: Докторот НЕМА да одговара што родилка остана без матка, бубрег и јајник – не му најдоа пропуст во работата

СКАНДАЛ: Докторот НЕМА да одговара што родилка остана без матка, бубрег и јајник – не му најдоа пропуст во работата

Стручниот надзор на Лекарската комора спроведен за гинекологот и директор на струшката болница доктор Мухамед Асани покажале дека немало пропуст во лекарската интервенција кога на родилката Веапоска Јалдз и биле отстранети матката, бубрегот и јајникот, дознава „Слободен печат“.

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ ја потврди ваквата информација.

-Стигна извештајот од Лекарска комора, не нашле пропуст во стручниот надзор, рече Филипче.

Тој додаде дека за дивата ординација која Асани ја имал дома, а за која Државниот здравствен инспекторат одлучувал, има постапка во обвинителството во Струга.

Жената преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник, а за тоа никој нема да одговара.

Локални избори 2021