среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Скандал: Димитровски призна дека во документи Бугарија сака да пишува ФИРОМ наместо новото име

Скандал: Димитровски призна дека во документи Бугарија сака да пишува ФИРОМ наместо новото име

Зоран Димитровски вечерва во емисијата „Само вистина“ од позиција на заменик за локална самоуправа посочи во одредени проекти со Бугарија се употребува се уште името ФИРОМ, бидејќи Бугарите не сакаат да пишува никаде Северна Македонија.

– Во министерство за локална самоуправа каде што имаме одредени прекугранични проекти со Република Бугарија дека секаде се става забелешки на терминот Северна Македонија, особено ако се употреби бидејќи ЕУ има стандарди да го употребува скратеното име во одредени документи, не целото име. И поради забелешките на Бугарите има одредено соломонско решение повторно е вратено старото уставно име во игра ФИРОМ, нагласи Димитровски.

Димитровски додаде дека во одредени проекти и документи со Бугарија се употребува се уште името ФИРОМ.

Коронавирус