понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 178
home Вести

СКАНДАЛ: Дескоска аплицирала сама за себе и сама на себе ќе си праќа и одговара на оценките за законите?!

СКАНДАЛ: Дескоска аплицирала сама за себе и сама на себе ќе си праќа и одговара на оценките за законите?!

Наспроти тврдењата на министерката Рената Дескоска дека нема никаков конфликт на интереси што таа е номинирана за член на Венецијанската комисија, место на кое досега е професорката Тања Каракамишева – Јовановска, правните експерти велат дека ситуацијата е повеќе од трагикомична, гледано од правен аспект.

Првиот круцијален проблем е што предлогот за член на Венецијанската Комисија  доаѓа од Министерството за правда, а владата одлучува, што значи дека Рената Дескоска  сама си се предложила за оваа позиција.  Втората клучна работа е што ако стане член на Венецијанска, таа сама себе си ќе си ги праќа барањата за оценка на законите и ќе си одговара на нив што ќе доведе до „супер“  хармонизација.

Коронавирус