четврток, 22. април 2021. Вести денес: 117
home Вести

Скандал: Чии се четирите машини за кои РЕК Битола без тендер ќе плати до 3,2 милиони евра?

Скандал: Чии се четирите машини за кои РЕК Битола без тендер ќе плати до 3,2 милиони евра?

Багер – гасеничар, камион – дампер, едно скипче и голем булдожер се четирите машини за кои РЕК Битола ќе плати до 3,2 милиони евра (без ДДВ). Нема тендер за закупот затоа што било крајна итност. Наемот важи една година. Четирите машини ќе ги обезбеди група од две битолски фирми. Носител на групата е битолската фирма „ЗИМАК ДООЕЛ“ која за цела 2019 година имала вкупни приходи кое се само 10 отсто од вредноста на договорите за закуп на четирите машини, анализира ФАКТОР.

-РЕК „Битола“, најголемиот производител на струја и подружница на ЕСМ (најголемиот државен производител на струја – поранешно ЕЛЕМ) во услови на крајна итност без без објава на тендер туку со преговарање закупи четири машини (багер гасеничар, скип, камион дампер и булдожер) од две битолски фирми и за тие четири машини ќе плати до 3,2 милиони евра за период од една година. Ова се официјални податоци достапни на сајтот на Бирото за јавни набавки кое дали мислење дека постојат услови за преговарање без објава на оглас т.е. тендер. ЕСМ и РЕК Битола барале и добиле позитивно мислење од Бирото за јавни набавки со образложение дека станува збор за крајна итност за наем на машини за ископ, пишува „Фактор“.

Што закупи РЕК Битола за 3,2 милиони евра без ДДВ?

Еден хидрауличен багер-гасеничар со корпа од 2,2 кубни метри и снага на моторот од 150 киловати. Таа машина треба да биде расположива т.е. на готовност 24 часа, на период од една година и вредноста на договорот е до износ од 1,024 милиони евра без ДДВ.

Еден булдожер со снага на моторот од 300 киловати исто така на готовност 24 часа дневно во период од една година. Вредноста на овој закуп за една година е до износ од 1,7 милиони евра без ДДВ.

Еден камион дамперсо носивост од 32 тони и максимална снага на моторот од 260 киловати. Неговиот закуп е до 406.500 евра за период од една година.

Еден скип со снага на моторот од најмалку 40 киловати. Закупот е една година, а цената е до 97.500 евра.

Целата вест прочитајте ја на Фактор

Коронавирус