четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 192
home Вести

СКАНДАЛ: Антикорупциска оцени дека кај Дескоска немало конфликт на интереси во самономинацијата за Венецијанска комисија!

СКАНДАЛ: Антикорупциска оцени дека кај Дескоска немало конфликт на интереси во самономинацијата за Венецијанска комисија!

Нема судир на интереси во предлогот на владата министерката за правда Рената Дескоска да биде член на Венецијанската комисија, утврдила Антикорупциската комисија по анализа на целокупната документација за предметот. Соопштенеито на ДКСК, од друга страна,  воопшто не соодветствува со реалниот проблем во случајот на Дескоска. Антикорупциска го пренебрегнува фактот што министерката сама се предложи за место што знае дека комисијата нема да го одбие, туку навлегува во тоа дали во Венецијанската комисија имало лица кои имале конфликт на интерес и ја примиле Дескоска?!

„Според статутот на Венецијанската комисија, таа е составена од независни експерти, но она што е најважно во статутот е дека е предвидено дека членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата од каде што доаѓаат. Тие воопшто не учествуваат во расправата и гласањето поврзано со земјите кои ги претставуваат. На ваков начин сметаме дека Венецијанската комисија сама се има заштитено од судир на интереси,” велат од ДКСК.

Експертите за Курир велат дека ова е класично извртување на случајот од страна на ДКСК. Во случајот на Дескоска таа самата се номинираше за позиција во Венецијанската комисија, свесна дека комисијата не избира дали ќе ја прифати или не националната номинација, туку само ја констатира националната номинација која доаѓа токму од министерството за правда. Венецијанска и верува на земјата дека изборот  на членот е добар, така функционирала и ќе функционира. Познавачите на состојбите, потегот на тогаш Заевата влада и дозволата Дескоска да се самономинира, свесна дека ќе стане член, го протолкува како  утешна награда и стимул за неа за да ја истера работата со контраверзниот Закон за ЈО, кој треба да го аменстира токму Зоран Заев. Како професорка таа не може да не биде свесна дека Законот е лош, потенцираат експертите, но со вакви „мали“ награди, може малку да замиже за истото.

Други познавачи, пак, наградата со станувањето дел од Венецијанската комисија, ја протолкуваа како нејзина утешна предизборна награда за спас од владиниот брод кој очигледно тоне.

Најнови вести

Коронавирус