петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

СКАНДАЛ: Али Ахмети почесен доктор, понижување за албанската академска фела – обвинува Илиевски

СКАНДАЛ: Али Ахмети почесен доктор, понижување за албанската академска фела – обвинува Илиевски

Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор објавува текст со наслов: СКАНДАЛ: Али Ахмети почесен доктор, понижување за албанската академска фела.

Истиот ви го пренесуваме во продолжение:

Деновиве произлезе соопштение од Универзитетот Тетово, а објавени по порталите, дека: „Универзитетот Тетово му доделила признание почесен доктор Хонорис Кауза на претседателот на ДУИ Али Ахмети, согласно член 184 од Законот за високо образование (ЗВО), а врз основа на Одлука на наставно-научниот совет на Правниот факултет, а по Иницијатива на ректорот на универзитетот Вулнет Амети“.

За да знае поконкретно македонската јавност, а и за оние  кои велат дека е скандал и понижување за албанската академска фела, треба да знаат што содржи членот184 од ЗВО цитирам: „… На истакнати научни, културни, деловни и други лица од земјата и странство,  кои со своите дела дале посебен придонес за развојот на научната мисла, културата, или  на друг начин придонеле за развојот на високото образование, односно на акредитирана научна установа, универзитетот може да им додели титула  почесен доктор на науки (doktorhonoris causa)…“.

Дали Али Ахмети со своите дела дал посебен придонес во науката, културата, научната мисла и слично.

 

Што содржи „богатата“ биографијата на Али Ахмети?!

 

На Википедија, меѓу другото пишува: „…роден во Зајас-Кичевско. Водач на политичката партија Демократската унија за интегреација. Претходно бил политички водач на ОНА. Командант под име Абаз. Има забрана за влез во САД, Швајцарија и други европски земји, бидејќи се смета за закана по општата безбедност. Ахмети завршил литертаура во Тирана (м.з. како завршил и дали му е нострифицирана дипломата). Швајцарските психијатри му определиле дијагноза…Се смета за терорист и одговорен за злосторствата над 12 киднапирани Македонци во тетовско, работниците на Маврово, масакарот кај Карпалак, Вејце…“.

Само да додадам случајот познат како „Водство на ОНА“, кој беше вратен  од Хаг за да постапуваат по него македонските судски органи. Тоа не значи дека Хаг за македонската јавност е помалку важно од горката реалност како Хашките случаи, всушност се третираат дома од нашиот правосуден систем. А одговорот е никаков. Од формално правно непознати причини и тоа повеќе од десетина години четирите вратени случаи од Хаг, кои требаше да се процедуираат и судат кај нас, не се ниту почнати. Хаг тоа не го заборава. Деновиве гледаме процесуирања на геноцидни дејанија како во Косово и во Македонија. Ќе се позабави,ама нема да се заборави. Ќе биде принудена третата власт во Македонија да профункционира.

Почитувани мои албански интелектуалци, ми говорите дека е скандал и понижување на академската фела. Да тоа е така. Еве Али Ахмети во што дал придонес.Вогеноцид,тероризам, а не по член 184 од ЗВО. Но ајде одважете се, сите. Има доста албански интелектуалци во Македонија и странство, кој дале голем придонес во науката, научната мисла, културата, соживотот, кој се бореле за толеранција, против геноцидот и тероризмот. Кој заслужуваат да добијат такво почесно звање доктор Хонорис Кауза.  За жал, ректорот и Универзитетот во Тетово тоа го забораваат. Жално. Недозволиво за една високообразовна-научна институција која е акредитирана во Македонија да се занимава со политика, а не со наука.

Одважете се албанска академска фела!!! Вие сте на ред.

Најнови вести

Коронавирус