вторник, 4. октомври 2022. Вести денес: 66
home Вести

СЈО му го врати пасошот на Латас- одблокирана му е и сметката

СЈО му го врати пасошот на Латас- одблокирана му е и сметката

Главниот и одговорен уредник на ТВ Сител, Драган Павловиќ Латас кој СЈО го товари во случајот „Тотал“ денеска не се појави во Кривичниот суд, каде што требаше да му се суди за даночно затајување.

На самиот старт на судењето, судијката, Славица Наумова Јосифовска, ја исклучи јавноста и во судница ги остави само адвокатите и обвинителот. Подоцна, кога им беше дозволено на новинарите да влезат во судница, судијката Наумова објасни дека Драган Павловиќ Латас не е присутен на судењето од лични и семејни причини, а за што, како што рече, неговите адвокатки Анита Бегова и Светлана Савиќ, доставиле доказ, пишува порталот „Република“.

Судијката рече дека доказот за спреченоста на Латас е издаден од Универзитетската клиника во Келн Германија, од 16-ти јануари годинава. Судијката читајќи го овој податок им се извини на адвокатките дека морала да го прочита доказот.

Судски извори потврдуваат дека поради лекување на член на неговото семсјство во Германија, на Латас му бил вратен и пасошот и му било дозволено да патува во странство, а СЈО, според истите информации ја одблокирало и неговата сметка, додава порталот.

Следното судење е закажано за 50 дена, на 31-ти март, денот на правосудството, кога, според сегашните најави треба да биде отворен новиот кривичен суд, сместен во нова зграда, лоцирана веднаш до сегашната.

Коронавирус