недела, 22. септември 2019. Вести денес: 37
home Вести

СЈО: Ја штитиме приватноста на Катица, не кажуваме од што е болна!

СЈО: Ја штитиме приватноста на Катица, не кажуваме од што е болна!

Од Специјалното јавно обвинителство не сакаат да откријат со која дијагноза нивната шефица Катица Јанева отишла на боледување.

Во изјава за Лидер, портпаролката на обвинителството открива само дека Јанева е на боледување од 16ти, денот кога почна случајот „Рекет” од кој е дел шефицата на СЈО.

Во исто време, портпаролката на СЈО не открива кој е докторот кој на Јанева и дал боледување.

– Боледувањето на Јанева и е отворено на 16.07.2019 , но поради заштита на приватноста не смееме да откриеме кој доктор е и која е дијагнозата. – велат од СЈО.