понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 18
home Вести

СЈО избира вештаци спротивно на Законот за јавни набавки

СЈО избира вештаци спротивно на Законот за јавни набавки

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) избира вештаци спротивно на Законот за јавни набавки, пишува порталот Денешен.мк.

Адвокатите на обвинетите во случајот „Топлик“, вчера пред почетокот на главната расправа побара изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО.

Адвокатите сметаат дека во овој случај вештачењето е пристрасно. Согласно член 17 став 1 алинеја 1 од Законот за јавни набавки и член 2 став 1 алинеја 14 од Уредбата за услугите кои се предмет на договорите за јавна набавка на услуги, за користење на услуги за вештачење од приватни лица задолжително се применуваат одредбите од Законот за јавните набавки.

Со оглед на тоа што СЈО е договорен орган согласно член 4 од Законот за јавните набавки, истиот, при склучување на договори со поединечни приватни правни лица за вршење на ваков тип на услуги задолжително требало да го примени Законот за јавни набавки, дотолку повеќе што на пазарот постојат поголем број на лиценцирани правни лица кои се даватели на овие услуги, па не е јасно на кој начин и врз основа на кои критериуми СЈО склучува договори со истите.

-На овој начин СЈО врши директно фаворизирање на определени правни лица, спротивно на основните принципи од член 2 на основните принципи на Законот за јавните набавки. Останува да се види дали ќе има кривична одговорност за ваквите незаконски постапки, пишува порталот.