сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 78
home Вести

СЈО инсистира да се притвори обвинетиот кој беше болен на минатото рочиште за Шамарите во Центар 

СЈО инсистира да се притвори обвинетиот кој беше болен на минатото рочиште за Шамарите во Центар 

Продолжува судењето за протестите во општина Центар и не удрените шамари за поранешниот градоначалник на општината, Андреј Жерновски.

Во овој случај на СЈО, обвинети се екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и уште девет лица кои се изјаснија за невини.

И на денешното рочиште во Кривичниот суд обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, повторно бараше од судијата Душан Јосифов да ја преиспита својата одлука во врска со притворот за обвинетиот Милан Андоновски. Обвинителката тврди дека лекарот не ги исполнил потребните дијагностички прегледи.

Беше испрашуван сведокот и екс градоначалник на Општина Центар, кој кажа дека на денот кога се извршувало насилството во општината пратеничката на ВМРО ДПМНЕ Даниела Рангелова му рекла “излези и соочи се со народот”. На прашањето од адвокатката Сања Алексиќ, зошто тој ден не бил нападнат и Шиповиќ бидејќи и тој е еден од предлагачите за измени на ДУП, Жерновски не знаеше да одговори.

Повторно на одбраната не и беа доставени записниците од претходното рочиште од 13 март, но судијата Јосифов го продолжи судењето.

ФОТО:МИА

Коронавирус