сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

СЈО го дава, но Заев не се откажува од „Мерцедесот“

СЈО го дава, но Заев не се откажува од „Мерцедесот“

Владата на Република Македонија на вечерашната седница донесе одлука со која се става во мирување процесот на продавање на возилото „Мерцедес”, кој е дел од политички монтираниот случај на СЈО „Тенк“.

Заев од опозиција не пропушташе прилика да каже дека кога СДСМ ќе дојде на власт „Мерцедесот“ ќе го продаде, за сега година дена потоа некако тешко да му оди одвојувањето од блиндираниот автомобил, па очигледно сака уште малку да се повози во возилото.

Официјалното образложение на Владата за ставање во мирување на постапката за продажба било затоа што возилото е дел од судска постапка и може да послужи во истрагата. Ова како образложение паѓа во вода, ако се има во предвид дека СЈО, кое ја води истрагата и е застапник на обвинението рече дека возилото може да се продаде.

Сепак и покрај одобрението од СЈО, Заев одлучи да не го продава.

Од опозиција Заев најавуваше продажба на Мерцедесот и купување на амбулантни возила со парите од продажбата.

-Да ви најавам дека тенкот, Мерцедесот на Груевски од 600.000 евра ќе го вратиме и со парите ќе купиме амбулантни возила за клиниките, рече Заев на митингот на СДСМ во Скопје во октомври минатата година.

Лакрдијата која Заев ја приреди со продавам – не продавам наиде на потсмев помеѓу членовите на СДСМ на социјалните мрежи.

Коронавирус