среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Ситуацијата со коронавирусот на алармантно ниво, а мерките и протоколите не се менуваат во зависност од новонастанатата состојба

Ситуацијата со коронавирусот на алармантно ниво, а мерките и протоколите не се менуваат во зависност од новонастанатата состојба

Веќе е очигледно дека ситуацијата со КОВИД-19 излегува од контрола, но полошо е тоа што никој од надлежните не се обидува повторно да воспостави ред над целата ситуација.

Секојдневно во Македонија има високи бројки на заразени и починати, како и висок процент на позитивни случаи од вкупниот број на тестирани.
Наместо да се почитува правилото како што препорачува СЗО на еден позитивен случај да се прават по десет тестирања, во Македонија за секој позитивен случај се прават од две до три тестирања кои не се доволни за креирање на вистинската слика за состојбата со пандемијата и превземање на соодветни мерки за намалување на последиците.

И покрај тоа што се занеше дека ќе дојде до влошување на ситуацијата во есенските и зимските месеци наместо да се искористи летниот период за обезбедување на поголема количина тестови и зголемување на бојот на пунктови кадешто истите ќе  можат да се направат, Владата не доведе до ситуација во која секој сам треба  да се снаоѓа за тестирање. Поради напливот на суспектни пациенти термини за тестирање е скоро невозможно да се најдат, па пациентите мора да чекаат со денови и недели за да дојдат до термин за тестирање. Ваквата ситуација станува дополнитечно опасна поради тоа што  суспектни пациенти кои ги имаат сите симптоми на вирусот и најверојатно се позитивни на истиот со недели слободно се движат поради тоа што нема термин за тестирање и никој неможе да им го ограничи движењето, а воопшто и да не се спомнува контролирање на лицата со кои истите имале контакт и се асимптоматски.

Некои од граѓаните дури се жалат дека го прележале вирусот и оздравеле пред да дојдат до термин за тестирање и да се тестираат.
Овие пропусти за кои не е потребна голема стручност за да се види дека предизвикуваат сериозни последици, многу јасно кажуваат дека ситуацијата е испуштена од рака, па може да се заклучи дека мерките не се менуваат во зависност од новонастанатата состојба .
Друг проблем со кој надлежните неуспешно се справуваат е и високиот морталитет. Македонија е на врвот во регионот по бројот на починати лица како резултат на КОВИД-19, а се уште не е спроведена некоја посериозна анализа за утврдување на причините за за ваквата состојба, за да се види дали се работи за некој пропуст во постапката за лекување и дали е потребно да се менуваат протоколите.

Во септември кога имаше по 5 починати во еден  ден  Филипче најави дека поради зголемената смртност кај пациентите со Ковид-19 се прави анализа за да се испита за што се работи но резултатите од таа анализа не беа објавени.
А сега кога секојдневно има дури и по 40 починати, никој не спомнува спроведување на една таква анализа преку која би можеле да бидат спасени многу животи.

Коронавирус