среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Ситуацијата „се е под контрола“ на Филипче, експлодира како експрес лонец

Ситуацијата „се е под контрола“ на Филипче, експлодира како експрес лонец

Ситуацијата со КОВИД-19 во Македонија одамна е излезена од контрола, а министерот за здравство Венко Филипче вчера призна. Македонија и во период кога имаше и за жал се уште има четирицифрени бројки на заразени и по 40-тина починати на ден, министерот за здравство Венко Филипче, ја замајуваше јавноста дека се е под контрола.

Но вчера со изјавата дека ситуацијата е критична, сам себе се демантираше. Изјавата од министерот за здравство Венко Филипче дека не е ништо под контрола и дека е доста критично не беше ни потребна, бидејќи граѓаните и здравствениот сектор одамна знаеја дури и алармираа до самата власт да преземе мерки кои ќе помогнат ситуацијата да се среди.

Моментално државата е како експрес лонец кој се остава да врие, огнот не се намалува, додека водата не избие од тенџерето и не повреди, зар тоа беше целта на министерот да остави ситуацијата да ескалира наместо да го намали огнот за да не дојде до тоа?

Луѓето секој ден по социјалните мрежи објавуваа стории каде што ја опишуваа голготата по болниците, маките кои ги поминуваат, а министерот на секое свое појавување во јавноста уверуваше дека се е под контрола.

За да вчера конечно признае дека ситуацијата не е розова.

„Не очекува еден критичен период во којшто ќе има потреба од болнички капацитети. Тоа се случува насекаде во регионот. Ги гледаме и пратиме ситуациите во сите соседни земји – огромен пораст и покрај тоа што некои земји имаат дури и порестриктивни мерки на сила од нашите. Исто така, за жал пораст и на смртни случаи. Во таква една ситуација, целосно е мобилизиран целокупниот кадар во јавно-здравствените установи. Согласно нашиот план секој еден тим во сите интерни клиники да има одговорен и интернист, и анестезиолог. Сепак можно е да дојде во ситуација да се потребни дополнителни ресурси, како болнички капацитети во смисла на кревети за сместување, така и кадар. И во овој момент имаме соодветен план, но тоа би значело во рамките на јавно-здравствените установи во еден момент ќе треба да се прекине со редовната работа, исто како што тоа беше еден период претходно и да се извршуваат само итните интервенции и интервенциите кај малигните пациенти“, изјави министерот за здравство Венко Филипче при одржување на прес конференција во Вила Водно.

На сето ова укажуваше и опозицијата ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференции, соопштенија и статуси.

„Уште ли ќе велиш дека „сè е под контрола“ само за да му удоволиш на Заев? Уште ли ќе водите инает на сметка на животите на граѓаните? За што, за неколку месеци? Или за спас и бегање од вистинските теми? Жртвувате животи на луѓе за спас на кариерата на Бочварски и на Заев? Со денови теравте лажна најцрна пропаганда против Христијан Мицкоски и против ВМРО-ДПМНЕ, дека опозицијата бегала од избори“ напиша на социјалните мрежи, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Најнови вести

Коронавирус