сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 12
home Вести

СИТУАЦИЈАТА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА: По гостиварскиот градоначалник, позитивна и градоначалничката на Битола

СИТУАЦИЈАТА ИЗЛЕЗЕ ОД КОНТРОЛА: По гостиварскиот градоначалник, позитивна и градоначалничката на Битола

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска е позитивна на ковид-19. Веста дека е носител на вирусот ја сподели во јавноста преку социјалните мрежи.

– По добиените резултати од направениот тест, се утврди дека сум позитивна на ковид-19. Следните денови согласно препораките останувам во изолација. Бидете во добро здравје, напиша Петровска на Фејсбук.

И Таравари ќе остане во изолација во наредниот период, истакна дека ќе помогне да се лоцираат сите негови контакти и нагласи оти се потребни построги рестриктивни мерки.

– Почитувани пријатели и колеги, штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот SarasCov-2. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во ова оро, никој не може да се заштити сам. Со тоа што не спроведуваме анти-ковид мерки, своеволно се претвараме во оружје еден за друг. Јас ке бидам под силен надзор на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè, напиша Таравари во својата објава на Фејсбук.

Коронавирус