вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 200
home Вести

„Сите три проекти со кои се фали Сугарески се започнати во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, обезбедени се и средства за нивна изградба“

„Сите три проекти со кои се фали Сугарески се започнати во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, обезбедени се и средства за нивна изградба“

Една година СДСМ е една напразно помината година за инфраструктурата. Повеќе од една година десетина инфраструктурни проекти неосновано се во застој, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ најавуваше 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта, а сега не можат ни да ги довршат патиштата почнати од  ВМРО-ДПМНЕ. Сите три проекти со кои се фали Сугарески се започнати во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за кои се обезбедени и средства за нивна изградба. Реконструкцијата на делницата Кочани – Делчево е проект започнат уште во 2016 година. За оваа делница беше предвиден рок за реализација од 18 месеци што подразбираше проширување на коловозната лента, поставување на два асфалтни слоја и изградба на 3 нови мостови. За целата инвестиција беа обезбедени 6 милиони евра. Експресниот пат Штип – Кочани е исто така проект на ВМРО-ДПМНЕ, договор за негова изградба е потпишан уште во 2016 година. Неговата должина изнесува 28 километри, а за негова изградба беа обезбедени 20 милиони евра. Со предвидена изградба во две фази, првата фаза од Штип до Крупиште, а втората фаза од Крупиште до Кочани, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„СДСМ ги крие фактите, и мисли дека граѓаните се со кратко паметење. СДСМ повеќе од една година нема еден единствен проект од областа на инфраструктурата. Повеќе од 8 месеци, власта не го пушти во употреба завршениот автопат Демир Капија – Смоквица само поради тоа што е изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Највисок дострел за оваа власт во сферата на инфраструктурата е организација на чочек во тунел при пуштање во употреба на делница од автопат изградена од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ покажа дека не знае да работи. Граѓаните повеќе од една година се сведоци на општ застој во сите области. Република Македонија заслужува подобро. Граѓаните заслужуваат подобро“.

Коронавирус