понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 78
home Вести

Сите раководители на АВРМ низ државата се истакнати членови на СДСМ

Сите раководители на АВРМ низ државата се истакнати членови на СДСМ

– Јас и сите колеги кои во моментот ја вршиме функцијата раководители на Центрите за вработување низ државата сите сме истакнати членови на СДСМ во своите општини, пишува директорката на АВРМ во Делчево, Билјана Прачковска, во коментар на фејсбук на директорката  на АВРМ, Билјана Јовановска, каде истата кажува дека во своето досегашно работење единствена активност и е промена на раководители и потрошена репрезентација и гориво.

Прачковска е бивш претседател на Форумот на жени на СДСМ  во општина Делчево. По нејзините зборови сите раководители во сите центри на АВРМ се истакнати членови на СДСМ, со ова овој партиски функционер на СДСМ признава дека власта до крајност ги исполитизирала институциите, па како главна карактеристика на директорите во администрацијата ја набројуваат партиската припадност, а не професионалноста, како што всушност треба да биде.

Прачковска е дел од директорите на АВРМ кои се незаконски назначени. Истата е назначена во спротивност со член 16 од Статутот на АВРМ. За овие незаконски разрешувања и поставувања Јовановска заработи и Кривична пријава.

Досега јавноста ја тресеше и скандалот со незаконските разместувања кои ги спроведе Јовановска, а со кој неколку директори беа разместени.

Јовановска спроведува брутална партизација на институцијата  со која директорува.  Партискиот реваншизам е нејзин заштитен знак, а по зборовите на директорите кои ги поставиле очигледно за сите именувања одлучува СДСМ.

Додека СДСМ беше опозиција, велеа дека ќе ги професионализираат институциите и дека ќе ја департизирале администрацијата, сега гледаме дека не само што не е професионализирана, туку и дека е дополнително партизирана и исполитизирана.

Скандалот со партизираноста на АВРМ е доказ дека институциите под раководство на Цароска не работата професионално. По скандалот со силувањата во Домот за деца „25 Мај“ ова е втор скандал каде имаме директно признание за партизирање на оваа институција.

Граѓаните сеуште чекаат одговорност од Цароска за случајот со силуваните девојчиња, а веќе излегува нов скандал.

Коронавирус