вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 176
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Сите мерки за спортот со кои се фали СДСМ се донесени од владите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата

Сите мерки за спортот со кои се фали СДСМ се донесени од владите на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од партијата

СДСМ три години отспаа кога станува збор за спортот и спортските работници. Сега во стилот на измамникот Заев да им текна да ги лажат спортистите и да им ветуваат се и сешто, реагираат од партијата.

-Сите мерки со кои се фалат се донесени во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ. Тие сами не донесоа ниту една мерка. Цели три години не е изграден ниту еден базен или позначаен спортски објект. Нема нови сали, ниту стадиони. Сите спортски успеси кои се направени се благодарение на инвестициите на ВМРО-ДПМНЕ во спортот и грижата што ја имаа спортистите во минатото. Како и би имало некаков резултат на спортско поле кога за развој на спортот се ,,грижат” еден историчар и еден економист!? Негрижата за спортот завршува на 12 април кога СДСМ и нивните деструктивни идеи ќе бидат поразени од граѓаните, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарни избори 2020