среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 37
home Вести

Сите држави од регионот ги откажуваат судењата само Десковска „мува не ја лази“

Сите држави од регионот ги откажуваат судењата само Десковска „мува не ја лази“

Откако бугарскиот и грчкиот Врховен суд препорачаа одложување на јавните расправи и судења за еден месец поради коронавирусот, а претходно тоа го стори и Албанија, со реакција се јави невладината Коалиција за правично судење, која бара земјава да спроведе слични мерки.

Со писмена реакција се јави и адвокатот Јовица Страшевски, кој тврди дека во Кривичниот суд не се спроведуваат никакви мерки за заштита и превенција од вирусот.

Тој упати јавен апел до министерот за здравство Венко Филипче.

Неговото барање го пренесуваме во продолжение:

„Во мое лично име, но и во името на моите колеги кои овие два дена се вознемирени и гласно ја коментираат состојбата со Корона вирусот во Република Македонија, јавно Ви се обраќам со цел да апелирам да донесете разумна одлука бидејќи здравјето е најважно пред било каква одлука од страна на Министерот за правда која нема ниту знаење ниту допирни точки со ова прашање.

Апелирам да донесете одлука без консултации како тоа што го направивте без претходни консултации со други министри, комори т.е засегнати страни бидејќи се согласувам со Вас дека здравјето е побитно од се. Кој ќе сноси одговорност ако судот постане извор број 1 на Корона вирус во нашата држава.

Кога во нашата држава се забрануваат јавни собири, се затвораат игротеки, градинки, школи итн нема никаква логика да судот работи под полна пареа каде дневно циркулираат илјадници лица кои не се имуни на Корона вирусот.

Притоа сакам да Ве информирам дека во Кривичниот суд ниту се спроведуваат некои мерки, ниту се дезинфицираат судниците, ниту се прави некаква контрола на лицата што влегуваат во суд под полна пареа се одржуваат десетици судења. Нема евиденција кој судија или обвинител бил на некое патување или имал контакти со лица кои се во ризична категорија.

Во текот на вчерашниот ден еден адвокат кој бил на службено патување во ризичен регион присуствуваше на судење, а денес една од обвинетите не дојде на судење поради тоа што нејзиниот сопруг бил во каранти.

Апелирам до Вас итно да дадете препорака до судовите во нашата држава да држат само судења кои се од итен и неодложен карактер но исто така да се врши дезинфекција на судниците но и да има контрола на лицата кои влегуваат во судовите.

Имам четири деца и немам намера јас лично наредниов период да се појавувам на закажаните рочишта бидејќи нивното здравје ми е поважно од се.

Ве молам да ги имате во предвид дека судот казнува адвокати кои ги почитуваат вашите досегашни мерки т.е отсуство поради родителска грижа на своите деца.

Се надевам дека овој Апел добронамерно ќе го сватите бидејќи здравјето на граѓаните треба да биде пред се“-пишува адвокатот.

Министерството за правда не го интересира КОРОНАВИРУСОТ: Сите судења ќе продолжат, Дескоска ја избра партијата наспроти здравјето на народот!

Вистинскиот проблем беше дали министерката Дескоска ќе се одважи да реагира исправно и во полза на граѓаните, или сепак, ќе игра според потребите на партијата? Резултатот го видовме, Дескоска ја одбра партијата.

Јавна тајна во Македонија е дека т.н. Кацарска судство е докажана и непримерна алатка на СДСМ за пресметка со политичките неистомисленици во државата. Ова во комбинација со Рускоска обвинителетвото стана силен белег на македонскиот правосуден систем во изминатите три години.

Во случај Дескоска да постапеше исправно и да ги прекинеше судењата кои можат да станат извор на зараза со коронавирусот, таа ќе се контрираше со стратезите на СДСМ кои со помош на машата наречена Кацарска судство, успејаа предизборно дури да покренат и нови процеси, како оној за лицата кои наводно го „организирале“ 27 април, наспроти голата вистина дека местенката од дотичниот датум беше во директна организација на СДСМ, кои и беа провокаторите и причинителите на упадот, за да го забрзаат доаѓањето на власт.

Конкретен случај во кој СДСМ покажа дека Кацарска судството не признава борба со коронавирус вчера беше случајот „Титаник“ на СЈО.

Токму „Титаник“ го отвори прашањето далие е етички судија насила да приведува сведоци, доколку тие се изјаснат дека се плашат за своето здравје и поради коронавирусот не се чувствуваат добро во судница со толку луѓе околу себе? Во конкретниот случај, не зборуваме ниту за обвинети, туку сведоци кои со оглед на ситуацијата со коронаавирусот во Македонија се уплашени за себе и своето семејство?

Оваа морална дилема се отвори откако вчера петмина сведоци на Основното јавно обвинитество во случајот „Титаник“ го известија јавниот обвинител дека поради новонастанатата состојба со коронавирусот нема да дојдат да сведочат.

Курир пренесе и веродостојни извори дека дури и обвинителката била остро против стражарно приведување на сведоците, но судијата не попуштил. Информациите укажаа и дека ситуацијата е уште покомлицирана со фактот што близок роднина на еден од обвинетите е во карантин, односно е еден од здравствените лица од клиниката за кожни болести. Друг проблем е и што еден од адвокатите во Титаник деновиве бил во Франција, која е на листата ризични земји со повеќе случаи на заразени со коронавирусот.

Меѓу обвинетите и меѓу сведоците во „Титаник“ има и стари лица, кои се дел од високоризичната група за коронавирусот. Но ништо од ова не му било доволно на судијата, кој и покрај инсистирањето на обвинителката да не се приведуваат сведоците за следното рочиште, останал на својот став.

Сите горенаведени аргументи, и здравствени и етички, не беа добро образложение за судијата, кој видно растревожен наредил полиција да ги донесе сведоците за следниот пат. Според оние кои ја посведочиле неговата реакција, кога го слушнал ова објаснување, судечкиот судија Осман Шабани се изнервирал и дал наредба за следното рочиште тие стражарно, со полициска придружба да бидат спроведени во судница.

Дали целата прикаска се сведува на политика, т.е. политички притисок, кој според познавачите на состојбите последните години стана „добар ден“ во македонското судство и обвинителство? Ова е еден од најважните „ветри во едро“ за владата на заминување, за која ова беше еден од првите случаи кои сега притворената „рекетарка“ Јатица Јанева, тогаш како специјален јавен обвинител, го отвори против раководството на тогашното ВМРО-ДПМНЕ.

Обвиненијата се темелат на индиции и незаконски снимени телефонски разговори, нема конкретни докази, а случајот не бадијала се тегне повеќе од три години.

Реалниот проблем на Дескоска, која доколку не се водеше од партиски, туку од национален интерес во битката со коронавирусот е што пред изборите, власта притиска по секоја цена да се продолжи овој случај и случаите со кои и натаму во познат манир треба да се каља и обесчестува опозицијата, затоа што ова се политички инструирани случаи со кои актуелната влада треба да ги потсетува граѓаните на „режимот“, самозамислен во нечии глави, апстрактна именка која според познавачите и пи-ар стартезите ќе биде и е еден од основните столбови на предизборната кампањата на СДСМ. Во недостиг на резултати освен сменето име и Устав, СДСМ ќе го „плаши“„ народот со наводно враќање на уште понаводен режим.

Коронавирус