среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 137
home Вести

„Сите други се виновни само Заев не ја превзема одговорноста за поразот кон патот на ЕУ“

„Сите други се виновни само Заев не ја превзема одговорноста за поразот кон патот на ЕУ“

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата„КланДебата“ укажа на видеото кое се појави на социјалните медиуми позади кој стојат претседателот и заменик претседтелот на СДСМ во кој они практично велат дека Христијан Мицкоски бил човекот кој бил најсреќен што Македонија не добила датум за отпочнување на преговори и тоа е спротивно на тоа дека СДСМ ја признаваат неговата улога како опозиција во рамките на тие процеси.

-Иако беа и малку доблесни и малку не беа лицемерни и дволични и себично ги гледа работите ,доколку се обидеа објективно да го видат проблемот ќе видеа дека сите ние допринесовме во тој процес со исклучок на нив односно сите ние можеби за нив сме виновни, виновна е опозицијата, виновни се неколку земји во ЕУ, а само одговорноста не е кај нив, односно кај Зорана Зев и СДСМ, истакна претседателот Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека тоа е погрешно, бидејќи јасно беа поставени целите коишто Република Македонија требаше да ги исполне.

Најнови вести

Коронавирус