понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 149
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Вести

Систина и Орка Холдинг од утре целосно го ставаат на располагање хотелот „Ibis Styles“ на Министерството за здравство

Систина и Орка Холдинг од утре целосно го ставаат на располагање хотелот „Ibis Styles“ на Министерството за здравство

Аџибадем Систина и Орка Холдинг соопштуваат дека од утре го ставаат на располагање целосно капацитетот на Хотелот Ibis Styles (поранешната болница Мала Богородица-Систина) на Министерството за здравство.

Хотелот комплетно ќе биде пренаменет во Центар за изолација на суспектни лица на вирусот Ковид-19 на кој им е определен 14 дена изолационен период (карантин) од надлежните органи на државата.

Медицинскиот тим ќе биде обезбеден од Аџибадем Систина и сета друга неопходна медицинска поддршка.

Сите трошоци околу нивниот престој ќе бидат покриени од Аџибадем Систина и Орка Холдинг.

Хотелот Ibis Styles располага со капацитет од 47 соби кои целосно ќе бидат пренаменети и опремени со потребните медицински материјали.

Доколку се јави потреба од дополнителни капацитети, покрај овие 47 соби на хотелот Ibis Styles, Аџибадем Систина и Орка Холдинг се подготвени и целосно да ги отстапат капацитетите на Ibis Skopje City Center хотелот кој располага со 110 соби кои би биле целосно пренаменети и опремени со сета потребна медицинска опрема и материјали.

На сите нас останува да продолжиме да ги следиме препораките и насоките на Министерството за здравство, да веруваме во оние кои ја вложуваат сета своја професионалност со цел оваа ситуација да има најдобар можен исход, и заедно, со висока свест да придонесеме ова ситуација да биде побрзо надмината.

Најнови вести

Коронавирус