понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 83
home Вести

Системот под контрола на Филипче: Почина човекот кој молеше за Брза помош

Системот под контрола на Филипче: Почина човекот кој молеше за Брза помош
ФОТО:СДК

Елизабета од Скопје, од 8 часот изутринава со часови чекаше брза помош да дојде во нејзиниот дом во Маџари, за да го однесе нејзиниот татко во болница. Нејзиниот татко освен Ковид 19 имаше и шеќерна болест и стент, се гушел, а ситуацијата особено се влошуваше за овој 64 годишен човек, затоа што добивал и панични напади бидејќи не можел да земе здив, објав денес Слободен Печат.

-Веќе осум дена е позитивен на Ковид 19, пиеше Сумамед. Од вчера наваму не може да дише, не може да станува, почна да врши нужда во кревет. Јас сум сама не можам да кренам човек од 110 килограми. Матичниот лекар викна брза помош чекам од 8 сабајле да дојде брзата помош. Немало место во болниците. Од брза помош немало да дојдат додека не добијат потврда дека некоја болница ќе го хоспитализира. И вртеше матичната во сите болници и никаде не го примаат. После два часа молење рекоа демек ќе дојде брзата помош, ама уште ги нема. Треба да одам со нив во ГОБ 8 Септември да молам да го примат. Додека да дојдат лекарите ќе завршам на психијатрија, рече во изјава за Слободен печат оваа жена.

По долга голгота, Брза помош дојде до неговиот дом и го однесе во болница.

Новинарката на Слободен печат, која го напиша и текстот утрово, сподели дека човекот, за жал починал.

За овој систем во кој луѓе умираат бидејќи не им е пружена здравствена помош, Филипче вели дека е под контрола!

Коронавирус