вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

Синовите на Мицкоски му се пофалиле со првиот собран албум: Навиваат за хероите Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф… (ФОТО)

Синовите на Мицкоски му се пофалиле со првиот собран албум: Навиваат за хероите Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф… (ФОТО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави фотографии со своите синови кои му се пофалиле дека ги собрале сите сликички од македонската фудбалска репрезентација.

„Долг, тежок, напорен ден со прекрасен крај. Двајцата дома ме чекаат и во еден глас ми велат: тато ги залепивме последните пет што ни фалеа…, го наполнивме албумот, не оној семејниот, туку оној од ЕУРО со Горан, Столе, Аријан, Стефан, Дарко, Енис, Елиф и останатите македонски херои, нашата гордост.

Ова е првиот албум на Антониј и трет на Јован, продолжуваме јунаци заедно…, и секако навивањето за нашата Македонија“ – порача Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија