вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 77
home Вести

Синот на Стојчевска ќе зема 600 евра плата во ЕЛЕМ

Синот на Стојчевска ќе зема 600 евра плата во ЕЛЕМ

Речиси 600 евра ќе изнесува платата на синот на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ, кој од понеделникот почна да работи во државниот ЕЛЕМ.

-Од таму вчера ни одговорија дека Виктор Стојчевски бил вработен на работното место инженер за примена на нови технологии во Сектор за развој и инвестиции, пишува „Независен“.

„Платата на работното место е објавена во огласот што е објавен во два дневни весници и изнесува 35.864 денари. На огласот се пријавиле три лица, меѓу кои и избраниот. Изборот го врши генералниот директор и тоа од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите“, нагласуваат во ЕЛЕМ за „Независен весник“.