понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Вести

Синот на Јанева, Кики, Фрики или Шеки – кој е следен?

Синот на Јанева, Кики, Фрики или Шеки – кој е следен?

Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец се во притвор поради рекетирање.

Но, индициите дека повеќе луѓе се вмешани во „Рекет“ се сè погласни.

Првиот, вториот и третиот осомничен, со сигурност не биле сами во вршењето на ова кривично дело.

За милионскиот рекет прв алармираше новинарот Бранко Героски. Иако се изразуваше користејќи псевдоними, тој јасно стави на знаење дека е злоупотребена политичката моќ. Три месеци по неговите текстови, обвинителството не отвори истрага ниту по допрен глас.

Политичка моќ немаат ниту Боки 13 ниту Зоки Кичеец. Зад ова, според сите претпоставки, докази и логики, стојат политичари од власта, а се погласни се гласините дека е лично вмешан и премиерот. Неговото име директно го спомнува и Бојан Јовановски, во разговорите кои ги објави италијанскиот новинар.

Откако “падна“ специјалната јавна обвинителка, остана отворено прашањето кој е следен!

Чии имиња стојат зад псевдонимите Кики, Фрики и Шеки?

Зад псевдонимите кои станаа познати за јавноста е сигурно дека стојат политичари. Но, кои се Кики, Фрики и Шеки, засега гласно никој не изговори.

Тоа што се знае за “Кики“ е дека, според пишувањата, станува збор за висок функционер на СДСМ. Истотот важи и за “Фрики“, а потоа се појави и псевдонимот „Шеки“.

Зад овие псевдоними стојат имиња и презимиња, за кои јавноста допрва треба да чуе како за осомничени во целиот овој рекетарски скандал.

Дали Лазар Јанев ќе се придружи на мајка му и газдата?

Но, уште едно звучно име се поврзува со „Рекет“. Станува збор за Лазар Јанев, синот на шефицата на СЈО, Катица Јанева. Ова момче, дополнително, беше вработено во телевизијата 1ТВ на Боки 13. Според гласините, тој е директниот прв контакт меѓу прво и третоосомничениот за рекет, односно Бојан и Катица.

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Веле Митаноски, објавува информации кои покажуваат дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Тој обелодени и како се заканувал синот на специјалната јавна обвинителка, со зборовите: „Знаеш ли ти чиј син сум јас“?

 

Според Митаноски,  синот на Катица Јанева им се заканувал на градоначалниците.

Кога како бомба одекна „Рекет“, веднаш беше спомнато и името Лазар Јанев, синот на обвинителката. Тој изјави дека телефонот на мајка му е загубен, за подоцна во истрагата телефонот да биде најден кај неговата девојка.

Но, официјално, досега, името на синот на Катица Јанева не е вклучено во истрагата. Тој во моментов не е осомничен за „Рекет“ и Вилма Рускоска го нема повикано на распит.

Во моментот кога обелоденуваше дека специјалната јавна обвинителка е осомничена за „Рекет“, Рускоска беше запрашана и за синот.

На прашање дали знае каде се наоѓа синот на Катица, таа одговори дека не знае и дека засега нема доволно докази кои укажуваат дека  и тој е вмешан во било какви криминални дејствија.

„Нема доволно докази“ е изјава која алудира на фактот дека докази има, но не се доволни да биде уапсен. Останува отворено прашањето дали и на Лазар му се дава “бонус“ време, како и на неговата мајка. Дали тоа значи дека и ова дете е потенцијален обвинет за кој и во моментов се собираат докази? Во моментот кога ја апсеа Јанева, таа во домот беше заедно со нејзиниот син. Таа доби 30 дена притвор и официјално е третоосомничена во „Рекет“. Дали наскоро ќе и се придружи синот, останува да видиме.

Дали се фатени само краците на октоподот?

Катица Јанева, боки 13 и Зоки Кичеец со сигурност не можеле сами така дрско, јавно и долго да рекетираат. Зад нив, по секоја логика, морало да стои некој поголем играч. Сите досегашни индиции и основани сомнежи говорат дека на оваа рекетарска дружина грбот им го чувале лица од врвот на власта.

Со оглед на фактот колку време рекетирала дружината, станува уште појасно дека истата ќе беше многу порано обелоденета, доколку учество во неа немал и лично премиерот Зоран Заев.

Како се отплеткува клопчето, станува јасно дека рекетирањето се одвивало под сенката на една голема пајажина. Тројцата осомничени не се октоподот, туку само неговите краци.

Медиумите од регионот и светот се директни во известувањето за „Рекет“. Јасно ставаат до знаење дека „Се тресе владата на Заев“ и дека „По Јанева, Заев треба да биде подготвен“.

„Шпигел“ веќе му пресуди на Заев

И германскиот медиум Шпигел се заинтересира за аферата „Рекет“ којa нешто повеќе од еден месец ја бранува јавноста во Македонија, но и во регионот.

-Премиерот Зоран Заев остава впечаток дека има нешто да сокрие. Новинарите го прашуваат дали лично се познава со Бојан Јовановски, кој во една снимка му кажува на Камчев дека Заев ветил дека нема да го попречи неговото ослободување. Заев видно вознемирен одговара дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар  и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Ова предизвика лавина на реакции, разочарување и негодување, пишува Шпигел.