недела, 22. јули 2018. Вести денес: 59
home Вести

Синдикатот на струмичките земјоделци бара итна средба со министерот Николовски

Синдикатот на струмичките земјоделци бара итна средба со министерот Николовски
ФОТО: МИА

Синдикатот на земјоделци од Струмица бара итна средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Причина за тоа се ниските откупни цени на пролетната зелка, која денес се откупува за 8-10 денари за килограм, но и застојот во откупот.

-Го повикуваме надлежниот министер до вечерва или најдоцна до утре да најде време да се сретне со претставници на земјоделските прозводители со цел за решавање на проблемите со откупот и пласманот на пролетната зелка, како и за наглото паѓање на цената. Доколку министерот не ја прифати нашата покана, тогаш за следните чекори ќе одлучат самите земјоделски производители, рече Ристо Велков, претседател на УО на Сојуз на синдикат на земјоделци од Струмица на денешната прес конференција.

Пред неколку денови цената на пролетната зелка прво падна на 20 денари, потоа на 15 и 12 денари за килограм, а денес, според производителите, се откупуав за 8 до 10 денари за килограм.

МИА