четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Синдикатот на полицијата побара МВР да ги реши проблемите со униформите

Синдикатот на полицијата побара МВР да ги реши проблемите со униформите

Синдикат на Полиција во Македонија преку соопштение денеска побара од Министерството за внатрешни работи решавање на нивните проблеми со униформите и со неисправните службени возила.

-Ги „украсивте“ полициските станици, а полициските службеници се возат во неисправни возила, униформата се уште ја нема комплет, зимата кај и да е доаѓа, а младите колеги, бројка и до неколку илјади и понатаму ќе мрзнат со популарната јакна тешка не повеќе ни помалку од „300 грама“. До кога полициските службеници ќе ги извршуваат службени задачи прошарани со униформа „кој од каде ќе се снајде“ и до кога ќе се радуваме на донации господа од Министерството, се наведува во соопштението.

Од Синдикатот на полицијата велат дека правдата е на нивна страна и дека нивната цел не е само да седнат во удобни фотељи туку и да се изборат за подобри услови за работа. Според нив од надлежните во МВР зависи дали паролата „Задоволна полиција- безбедни граѓани “ ќе се постигне или не. (МИА)

Коронавирус