сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Синдикатот на Клинички центар со осуда за нападот на медицинската сестра, стравуваат заложбата за полициско дежурство да не биде дневно политичка

Синдикатот на Клинички центар со осуда за нападот на медицинската сестра, стравуваат заложбата за полициско дежурство да не биде дневно политичка

Синдикатот на Клинички центар најостро го осудува физичкиот и вербален напад на медицинската сестра од Клиниката за интензивно лекување и реанимација – КАРИЛ и се надева дека нападнатата медицинска сестра брзо ќе се опорави и ќе продолжи како и досега со својата хуманост и знаење да им помага на пациентите, се вели во денешното нивно соопштение.

Од Синдикатот го искажуваат, како што велат, својот револт кон понижувачкиот статус на здравствените работници и соработници.

-Статус кој е резултат на долгогодишните политики во здравството кои доведоа до омаловажување и деградирање на здравствените работници и соработници. Во изминатиот период бевме сведоци на повеќе вакви немили настани поради кои  се потпиша Повелба и Декларација со цел да се стопира ова насилство врз здравствениот персонал. За жал сето ова очигледно остана без практична вредност и употреба. Ја цениме и поддржуваме заложбата на Министерот за здравство за зголемување на безбедноста во кампусот клиники “Мајка Тереза“ и воведување полициски дежурства на критичните места каде во текот на ноќните часови има најголема фреквенција на пациенти. Но, стравуваме таа заложба да не биде привремена и во служба на дневната политика, се наведува во соопштението на Синдикатот.

Оттаму бараат од надлежните институции воспоставување систем за заштита на достоинството и угледот на здравствените работници и соработници и 24 часовно професионално обезбедување во сите јавни здравствени установи во Република Македонија.

-Истовремено, спрема Синдикатот на клинички центар нужна е добро осмислена и организирана медиумска кампања за подигање на дигнитетот на здравствените работници и соработници, се посочува во соопштението.

Коронавирус