вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Синдикати: Градежни инженери се вработуваат додека фирмите да добијат дозвола за градба

Синдикати: Градежни инженери се вработуваат додека фирмите да добијат дозвола за градба

Независниот синдикат на камионски транспортери на Македонија и Независниот синдикат на градежни работници денеска обвинија дека градежни компании вработуваат градежни инженери само додека да добијат дозвола за градба, а веднаш потоа ги отпуштаат.

Со ова, според синдикатите, се кршат работничките права како што се правото на недоместок за изработените часови, правото на регрес за годишен одмор, правото на 48-часовен одмор, годишен одмор….

– Една градежна фирма за да изведува градба на објекти мора да добие дозвола за градба, а за да ја добие ваквата дозвола, мора да има вработено на неопределено време двајца инженери со овластување за изведба на објекти од Б категорија. Некои градежни фирми работат надвор од законските норми со кои се гарантира стабилноста на објектите. Имаме сигурни информации дека вработуваат инженери со овластувања, вадат дозволи и веднаш потоа ги отпуштаат од работа, изјави Страшо Ангелов, претставник на синдикатите.

Синдикатот, како што посочи, има испратено барање до Министерството за транспорт и врски за тоа каде може да поднесат претставка за ова, но досега нема добиено одговор. Го повикаа  и Трудовиот инспекторат да ги испита ваквите случаи.

Покрај ова, синдикатите бараат да се одржуваат и тоалетите на јавните места во државата и јавните и приватни паркинзи и бензиски пумпи. – Барањето е во функција на одржување на хигиената на професионалните возачи во меѓународниот транспорт, на странците и на граѓаните на Македонија кои патуваат, изјави синдикалниот претставник Атанас Трајковски.

(Миа)

Коронавирус