понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 108
home Вести

Синдикалците ги доставија барањата до Владата

Синдикалците ги доставија барањата до Владата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски денеска ги достави барањата на синдикалците до Владата на Република Македонија.

Претходно, пред зградата на Владата сите синдикални здруженија дојдоа обединети, иако протестните маршеви ги почнаа на различни локации.

– Ова е нов почеток на враќање на довербата во синдикалното движење. Ќе се справиме со сите што ќе ги издадат работничкото движење и Синдикатот, рече Димовски пред да ја достави и официјало Декларацијата со барањата до Владата.

Тој порача дека единството сега е повеќе од потребно зошто работничката класа е разбиена.

Собирот пред Владата почна со интонирање на Интернационалата и македонската химна.

Во моментов пред Владата пристигнаа и учесниците на протестот против извршителите во организација на Конфедерацијата на синдикалните организации.

– Протестираме против извршителите. Бараме  итно стопирање на сите блокирани сметки на граѓаните и нов закон за извршување, рече Ана Глигорова. 

(Миа)

Коронавирус