понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 111
home Вести

Симпозиум за иднината на дипломатијата, науката и уметноста со врвни светски научници и еден македонски амбасадор

Симпозиум за иднината на дипломатијата, науката и уметноста со врвни светски научници и еден македонски амбасадор

Денес се одржа интернационален онлајн симпозиум на тема „Иднината на дипломатијата, науката и уметноста“ на кој учествуваа првиот поранешен македонски амбасадор во Јапонија Др. Андријана Цветковиќ, проф. Роберт Лангер (познат научник, професор на МИТ Универзитетот во САД, еден од основачите на МОДЕРНА), Др. Питер Грус (научник, поранешен претседател на Макс Планк Институтот, Претседател на Институтот за Наука и Технологија во Окинава, Јапонија), и Диемут Стребе глобална мултимедијалена уметница од Германија.

Главни теми на дискусија беа фокусирани на потребата од редефинирањето на глобалната дипломатија, создавање на платформи за реализирање и премостување на препреките за реализација на Агендата 2030 поставена од страна на Обединетите Нации а поврзана со одржлив развој, можностите на поврзување на науката, дипломатијата и уметноста и нивно ефективно користење како алатка во надминување на глобалните предизвици и слично.

Овој симпозиум беше инициран од првиот амбасадор во Јапонија на Македонија Др. Андријана Цветковиќ, како дел од нејзината иницијатива „Амбасадори на Промените“ (Ambassadors of Change), а поддржан од Институтот за Наука и Технологија во Окинава, и Харвард Универзитетот. На истиот присуствуваа стотина гости, меѓу кои претставници од јапонската и американската дипломатија и академски свет.

Локални избори 2021