петок, 24. септември 2021. Вести денес: 128
home Вести

Симовски откри дека имало хакерски напади врз системот за попишување

Симовски откри дека имало хакерски напади врз системот за попишување

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во емисијата 24 анализа во врска со пописот до денес има попишано повеќе од 600 000 граѓани. Само денеска се попишани над 100 000 граѓани. Смета дека со ваквото темпо пописот ќе заврши во предвиденот рок.

– Очекувам до крајот на оваа седмица да имаме забрзување, а од наредната малку да забави и ќе бидеме навреме, истакна Симовски.

Во врска со техничките проблеми кои се појавија, рече дека првиот ден немале проблеми зошто базата на податоци била празна, а веќе вториот ден мало успорување на процесот. Се детектирале причините и имале доволно време да направат ново тестирање, бидејќи ги мале попишвачите на терен. Истакна дека досега сите технички проблеми се решени.

– Користиме интерент од околина и не може само со еден предавател да се работи. Имаме голем и спремен тим и кој сето ова го контролира. Заштитните механизми се поставени на највисоко ниво. Техничките недоследности не се случија поради хакерски напади, рече Симовски.

Во врска со хакерските напади, имало два случаји за обид за хакерски напад на самот процес на попишување и двата се успешно одбиени и не предивикаа штета.

– Факт е дека има и такви групации кои сакаат овој процес да не успее и тоа јавно го демонстрираат и ги повикуваат граѓаните да не се попишуваат, додаде Симовски.

Најнови вести

Коронавирус