сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Симовски: Ако заменикот не сака да потпише, а се е според стандарди јас не се гледам веќе таму

Симовски: Ако заменикот не сака да потпише, а се е според стандарди јас не се гледам веќе таму

Во законот имаше рок дека податоците ќе се објават за шест месеци, сега го нема. Знаете зошто затоа што ќе ги има за три, се надевам дека пред или до први август ќе се објават, рече директорот на Завод за статистика, Ангел Симовски на гостувањето во емисијата “Заспиј ако можеш” што се емитува на телевизија Алфа одговарајќи на прашањето дали податоците од пописот ќе се објават пред локалните избори.

Говорејќи за тоа ако заменикот не сака да ги потпише резултатите јас нема да дозволам, ако некој не ги признае јас не се гледам веќе таму.

-Никој не може да ги оспори, може да му се бендисуваат или не, важно е дали се според стандарди, рече Симовски уверувајќи дека ќе се спроведе како што треба.

За ова, рече Симовски, сме согласни и со заменикот. Но,веројатно е дека нема да им се допаднат резултатите.

-Имаше многу движења, ислеување, ама да видиме сепак како ќе излезе, кажа Симовски.

Коронавирус