среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Симнете ја оваа апликација и информирајте се детално за состојбата со коронавирусот во Македонија

Симнете ја оваа апликација и информирајте се детално за состојбата со коронавирусот во Македонија

МојВоздух/AirCare и Министерството за здравство изработија апликација за мобилните телефони која ќе ги информира корисниците за најновите информации од Министерството за заштита од коронавирусот.

-Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот “Вести’“, објави министерот Венко Филипче на Фејсбук.

Апликацијата е достапна на:
Android:  https://getaircare.com/android
iOS:  https://getaircare.com/ios

-Од коронавирус во земајва моментално се заболени осуммина лица и сите се во стабилна состојба на Инфективната клиника во Скопје. Првозаболената пациентка е целосно оздравена и се очекува да биде пуштена дома, кажа Филипче.

Министерот секојдневно апелира да не се шират лажни вести и паника, и граѓаните да се информираат исклучиво од релевантните здравствени институции.

Коронавирус