вторник, 31. јануари 2023. Вести денес: 148
home Вести

Силно невреме во демирхисарско, Слепче погодено од град

Силно невреме во демирхисарско, Слепче погодено од град

Доцна попладнево демирхисарскиот крај го зафати силно невреме со врнежи од дожд и град.

Во селото Слепче кое е најпогодено од невремето, врнел град којшто во еден момент го послал селото како снежна покрива.

Засега нема информации за евентуални штети од временската непогода.