среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 166
home Вести

Силно невреме го зафати скопскиот регион

Силно невреме го зафати скопскиот регион

Силно невреме го зафати скопскиот регион попладнево, проследено со обилен дожд и силни грмежи. Ваквото време ќе продолжи и утре и задутре, а се случува не само во Скопје туку и во друготе градови низ Македонија.

Претходно, УХМР издаде предупредување од жолта фаза и услови за нестабилна облачност, проследена со грмежи и со краткотраен пороен дожд.

Се очекува пообилни врнежи да има во западните делови на земјава каде е можно да наврнат 25 литри на метар квадратен воден талог.

Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Во наредните два дена ќе има слаб локален дожд, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Коронавирус