недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 4
home Вести

Силниот земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија- еве во кои градови тресеше денеска

Силниот земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија- еве во кои градови тресеше денеска

Земјотресот кој пред околу 1 час здрма во Албанија, бил почуствуван и во Македонија.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштија дека утринава е регистриран земјотрес, чиј епицентар потекнува од соседна Албанија, на растојание 160км југозападно од Скопје.

Земјотресот се случи во 9 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда 4.3.

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на државата- Кичево, Охрид и Битола, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од III степени во Скопје и околината според истата скала.

Најнови вести

Коронавирус