понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Силниот ветер оштети чамци и рибници на Тиквешко Езеро

Силниот ветер оштети чамци и рибници на Тиквешко Езеро

Вчерашниот силен ветер потона чамци и оштети рибници на Тиквешко Езеро.

Ангел Крстев-Луле, кој петнаесетина години е речиси постојано таму и има рибник и угостителски објект, појаснува за МИА дека невремето ги носело чамците заедно со стопите за кои биле врзани, ги ударало во брегот и ги потонувало.

За среќа повредени нема.

– Од ветерот имам штети во рибникот, а последици има и кај други рибници. Некои од чамците се потонати на мала длабочина до брегот, но има и такви кои се и на поголема длабочина подалеку од брегот, па за нив ќе мора да се вложи повеќе напор за да се извлечат. Оштетените рибници и чамци ќе треба да се санираат, нагласи Крстев.

Коронавирус