среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 39
home Вести

Силјановска: Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, па измислува нови бои „на независноста“

Силјановска: Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, па измислува нови бои „на независноста“

Експертот за уставно право и професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ Гордана Силјановска Давкова, во фејсбук статус прашува: Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, на 8-ми септември 2019 година, па измислува нови бои „на независноста“?

„Боите на Македонија се оние што доминираат на бабините скутници, веленца, килими, миленца, шамии, чорапи, елеци, фанели: црвената, црната и жолтата. Боите на македонската слобода и независност се оние што се најприсутни на македонските знамиња за време на Кресненското и Илинденското востание, во Крушевската република, во НОБ, на АСНОМ – 1944, оние утврдени со уставите од 1946, 1963, 1974, она од 1991: црвената и жолтата.
Зарем сегашната власт ја ослободи Македонија, на 8-ми септември 2019 година, па измислува нови бои „на независноста“? Неморално е да ја „ фарбате“ историјата, а и нас на денот на независноста, особено пред очите на оние кои на 8-ми септември 1991 година биле на бината на плоштадот „Македонија “, или пред неа, со развиени знамиња во боите на слободата и независноста!“, напиша професорката.

Коронавирус