петок, 4. декември 2020. Вести денес: 131
home Вести

Силјановска започна со собирање на 10 илјади потписи- денеска доби масовна поддршка во Битола (ФОТО)

Силјановска започна со собирање на 10 илјади потписи- денеска доби масовна поддршка во Битола (ФОТО)

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е претседателски кандидат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на идните претседателски избори во Република Македонија започна со собирање на 10 илјади граѓански потписи.

Професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.

Претходно вчера таа на својот Фејсбук профил напиша:

„Како што ветив во Струга, Ве известувам дека формално ја информирав Државната Изборна Комисија за започнување на процесот на собирање на најмалку 10 илјади потписи за претседателската кандидатура Од утре сите вие што мислите дека е време во Македонија да започнат суштински промени на подобро, на 46 локации низ цела Македонија ќе може да ги дадете вашите потписи. Време е без разлика на партиската, етничката, половата, старосната структура да се обединиме и да ја вратиме Македонија во нормала Во текот на денот дополнително ќе бидете информирани за точните локации, процедури и потребни документи“, информираше Силјановска.

Коронавирус