среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Силјановска: За пет години се надевам дека ќе излеземе од политичка транзиција

Силјановска: За пет години се надевам дека ќе излеземе од политичка транзиција

Професорката Гордана Сиљановска Давкова во претседателската дебата на Алсат телевизија потенцираше дека таа има визија за поинаква Македонија, визија во која по петте години нејзин мандат, Македонија конечно ќе излеземе од политичка транзиција. Таа посочи дека секоја реформа почнува од нас самите, притоа истакнувајќи дека ќе се самоограничи, а тоа ќе го предложи и на новата власт која ќе дојде по оваа.

-Јас имам женски сон, женска визија за поинаква Македонија со жени во кабинетот без оглед на етничката припадност, затоа што тогаш светот македонски е поинаков. По пет години се надевам дека ќе излеземе од лавиринтот наречен бескрајна демократска транзиција и ќе влеземе во демократска консолидација. Што мислам дека може да се случи, стручноста и компетентноста од кабинетот на претседателката како вирус да се рашират низ другите институции. Да видам можеби жена генерал, можеби жена шеф на генералштабот исто така. Да видам земја во која има поделена власт во која премиерот не ги покрива сите власти. Земја со стручна и компетентна администрација. Земја која ќе започне битка со криминалот и корупцијата и непотизмот. Ама со оваа власт не верувам. Најмногу сакам да видам држава во која ќе има половина помалку министерства, во која ќе нема заменици министри, во која ќе нема заменици на замениците директори на јавни претпријатија. Држава во која ќе нема советници кои ни себе не може да се советуваат. Секоја реформа почнува од нас. Јас ќе се самоограничам, но ќе предложам такво самоограничување и од следната влада.

Коронавирус