недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Силјановска: За нас жените претстои битка- Гордо за Македонија

Силјановска: За нас жените претстои битка- Гордо за Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова на митингот во Куманово вечерва истакна дека за жените во Македонија претстои битка гордо за Македонија, а по некоја случајност во моето име има нешто што е гордо, вели таа.

Силјановска порача дека иако политиката е во женски род, иако Македонија е во женски род, досега не сме имале жена претседател не сме имале жена премиер, имаме само четири министерки,имаме 6 градоначалнички, а само 18 проценти од имотот е женски, небаре сме на АСНОМ кога на Президиумот исто така имаше четири жени. Таа вели дека ова е вистински предизвик за промена.

-Досега слушавме низ историјата дека зад секој успешен маж стои некоја поткрепа жена. Мислам дека е време за промена, да речеме дека зад секоја успешна жена стои прекрасен маж кој што ја разбира и подржува.

Таа вели дека само тогаш ќе имаме одговорно родителство, извонредни семсјни вредности, ама и политика во која и низ женски очи ќе се гледаат политичките процеси, односи и институции, а тие се тогаш посуптилни. Професорката истакна дека жените поседуваат посебни оружја за решавање на политичките прашања , и дека таа ќе се обиде да го потврди и да го докаже тоа.

-Жените имаат потрнил пат од мажите велат, бидејќи знаете ли дека три пати повеќе работат, тоа докажано, и мислам дека е време да го покажеме и докажеме тоа, вели Силјановска Давкова од Куманово.

Коронавирус