четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 143
home Вести

Силјановска за Алфа: Концентрирана сум на проблемите на граѓаните и никој од мене нема да чуе навреда и понижување

Силјановска за Алфа: Концентрирана сум на проблемите на граѓаните и никој од мене нема да чуе навреда и понижување

Ги убедувам граѓаните дека таму сум на средбите, митинзите заради нив, не сум човек што сака ласкање и комплименти на линија на невкус, јас би реагирала на тоа. Јас кампањата ја креирам заедно со партијата и партиите кои застанаа зад мене, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која потенцираше дека од неа ниту некој чул, ниту ќе чуе понижување, навреда како што може да се слушне од еден од кандидатите во кампањата.

Прашана за грешките на некои од митинзите таа рече:

„Кога одам на повеќе дестинации сакам да знам за сите проблеми на населението, се концентрирам на тоа и понекогаш се прават технички грешки, некогаш надвор кандидатите прават намерно такви грешки и се извинуваат“.

Говорејќи за дилемите и прашањето на граѓаните дали да ги менуваат документите, бидејќи се родени во една држава, живееле во друга, а сега има сосема нова ситуација, таа вели: „Тоа е факт и јас го разбирам, некои работи не можат да фатат корен и јас ги разбирам дилемите на граѓаните“.

Коронавирус