петок, 4. декември 2020. Вести денес: 42
home Вести

Силјановска води, еве колку гласови имаат Пендаровски и Река, а колку се неважечки

Силјановска води, еве колку гласови имаат Пендаровски и Река, а колку се неважечки

Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова е во водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и кандидатот на БЕСА и Алијанса на Албанците Блерим Река, од досега пребројаните гласови, дознава КУРИР од свои извори.

Според она што досега е обработено, Силјановска има 234.707, Пендаровски 228.495, а Река 48.481 глас. Неважечки се 21.084 гласачки ливчиња.

Од обработените изборни места Силјановска води во поголемиот дел општини- Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода…

Според преброените гласови, Силјановска Давкова веќе победила во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров…

Коронавирус