среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Силјановска во посета на граѓаните на Ѓорче Петров: Без правична и социјална држава, никој не може да зборува за политички успеси и евроинтеграции

Силјановска во посета на граѓаните на Ѓорче Петров:  Без правична и социјална држава, никој не може да зборува за политички успеси и евроинтеграции

Кандидатот за претседател на Република Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денес го посети пазарот во Општина Ѓорче Петров и оствари средби со граѓаните и таксистите.

При средбата на Општина Ѓорче Петров, Силјановска Давкова појасни дека денес е во друг дел на градот, друго пазарче, денес во Ѓорче Петров. И тука, исти маки на пазарџиите и исти срдечно подадени раце.

„Имаме најобразовани таксисти во Европа, луѓе со кариери и образование кои маката ги натерала да го вадат лебот со оваа работа. Систем нема, владее „див запад“. Она што им го кажувам на сите, им го повторив и ним: без правична и социјална држава, никој не може да зборува за политички успеси и евроинтеграции“, појасни Силјановска Давкова.

„Последните случувања и потези кои беа предизвикани од оваа влада ги револтираше граѓаните. Граѓаните на Република Македонија секој ден се чувствуваат се повеќе изневерени и ограбени. Нам ни треба Македонија, која ќе биде еднаква и правична кон сите, а која ќе покажува посебна почит кон оние кои на потежок начин доаѓаат до приходи, со сопствен труд и пот.“

На самиот крај Силјановска Давкова рече дека Европа започнува од дома, од и за вредни луѓе од Република Македонија.

Коронавирус