понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Во моето општество за сите граѓани ќе има заслужено место за припадниците на Ромите

Силјановска: Во моето општество за сите граѓани ќе има заслужено место за припадниците на Ромите

Нема попријатно чувство од тоа на Денот на Ромите да бидете во друштво на Роми. Тоа е неверојатна инспирација за сите нас, не само да славиме туку и да работиме. Ако ромската заедница е најранливата категорија во Македонија тогаш и најголемото внимание треба да им биде посветено ним, изјави денеска кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова која додаде:

„Сум имала прилика секојдневно со децении да се дружам со ромски студенти, сум имала прилика речиси дел од животот да го поминам со Ромка. Која се грижела како самата да сум се грижела за мојата ќерка. Тоа стана незаборавно пријателство.“

-Еве јас од овде денеска, а овде зборот заради Ченто ама и заради Рамис и Хамид кои рака под рака со него учествуваа во народноослободителната борба чувствувам обврска да кажам дека во моето општество за сите граѓани ќе има заслужено место за припадниците на Ромите, но секогаш и тие како останатите ќе бидат одбрани врз основа на стручност и компетентност, а не врз основа на партиска припадност, потенцираше Силјановска.

Коронавирус