сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска: Таму каде што е химната таму е и државата- таму каде што не е химната, нема држава

Силјановска: Таму каде што е химната таму е и државата- таму каде што не е химната, нема држава

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова на митинг во Куманово порача дека е гордост да се слуша химната, но и тажно затоа што зборовите асоцираат на Куманово, на првата пушка, на борбата, македонската нација да се се докаже како државотворна, борејќи се за правдините. Таа вели дека зборовите се сведоа само на музика, затоа што некој така сметаше, а тврдеше дека нема да биде така, дека музиката е доволна, а текстот непотребен.

-Ако знамето, грбот и химната се државни симболи тогаш оние кои ја претставуваат државата, а државата не се тие, туку сме ние, имаат уставна должност да го почитуваат Уставот и Законот за химната.

Професорката нагласи дека тие веќе почнале да го кршат Законот, заборавиле дека истиот се носи со важно двотретинско мнозинство што зборува за тежината на химната. -Затоа што таму каде што е химната таму е и државата, таму каде што не е химната нема држава, вели таа и додава:

„Ние сме држава и ќе си ја пееме химната и со зборови и со музика, затоа што само тогаш таа носи јасна и вечна порака“.

Најнови вести

Коронавирус