среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 181
home Вести

Силјановска: Спротивно на Европската конвенција за човекови права беа следени членови на моето семејство и бев нападната на основ на пол и возраст

Силјановска: Спротивно на Европската конвенција за човекови права беа следени членови на моето семејство и бев нападната на основ на пол и возраст

Дури и во првичниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР стои забелешката за атакот врз мене и наместо да се радуваат дека има кандидат жена, тие атакуваат и за родот и замислете возраста, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија 21.

Таа укажа дека на атак беше изложено и нејзиното семејство.

-Директно од новинари, го следеа нивното движење, а тоа е спротивно на Европската конвенција за човекови права. И на крај доживаев човек од штабот на противкандидатот да ме испрати во Бардовци. Јас може да го посетам за да дадам правен лек, а јавноста може да суди за нашето однесување, рече Силјановска.

Коронавирус