недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 54
home Вести

Силјановска: Според Преспанскиот договор ќе треба да избришеме од историските учебници дека Македонците се бореле во граѓанската војна во Грција!

Силјановска: Според Преспанскиот договор ќе треба да избришеме од историските учебници дека Македонците се бореле во граѓанската војна во Грција!

Професорката Гордана Силјановска Давкова на претседателската дебатата на Алсат телевизија истакна дека според Преспанскиот договор ќе треба да избришеме од историските учебници дека Македонците се бореле во граѓанската воја во Грција. Таа посочи дека истото ќе важи и за Албанците кои се бореле од страната на ДАГ, а како што Македонците нема да смеат да ги употребуваат македонските топоними во Грција ниту Албанците ќе смеат да ги употребуваат своите.

-Ако знаете многу албански имиња се Епир. Едно од барањата на грчкото министерство за надворешни работи е да се тргне и тоа. Исто така има проблем и со именувањата во Грција во делот што е познат како Чемерија. Исто така она што не смееме повеќе да го употребуваме, само Тесалоники, не Солун важи и за албанскиот јазик. Како се вика на албански Солун. Селаник, значи и тоа ќе биде забрането. Исто така се бара од историските читанки да се тргне дека и Албанците и Македонците учествувале во ДАГ, а учествувале. Според тоа времето ќе покажи дека има проблем, вели Силјановска.

Најнови вести

Коронавирус