среда, 19. февруари 2020. Вести денес: 13
home Вести

Силјановска со целосна поддршка во Ѓорче Петров и Бутел- поддршка стигна и од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски (ФОТО)

Силјановска со целосна поддршка во Ѓорче Петров и Бутел- поддршка стигна и од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мисајловски  (ФОТО)

Професорката Гордана Силјановска Давкова која е претседателски кандидат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на идните претседателски избори во Република Македонија започна со собирање на 10 илјади граѓански потписи.

Денеска целосна поддршка таа доби во општините Ѓорче Петров и Бутел.

Во Ѓорче за Силјановска потпис даде и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

Инаку професорката не мора да го прави тоа, бидејќи ја има поддршката од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, но уште на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга рече дека ќе ги собира овие потписи за да се прикаже како натпартиски граѓански кандидат.