четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 160
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Силјановска: Разликата е повеќе од 70 илјади гласови!

Силјановска: Разликата е повеќе од 70 илјади гласови!

Ако се спореди бројот на гласовите за опозицијата и на оние кои гласале на господинот Река разликата е повеќе од 70 илјади гласови, ова вечерва на прес-конференција го истакна Гордана Силјановска Давкова.

-За некој како мене кој во целата кампања укажуваше на неодржливоста на систем на режим во кои отсуствува владеењето на правото, систем потонат во корупција, криминал и непотизам, тоа е најважно. Опозицијата успеала навистина не само да им предочи туку и да ги убеди граѓаните дека во отсуство на право и правда ние може да си раскажуваме приказни за ЕУ и НАТО, затоа што со само со владеење на правото може да се добие почетокот на преговори. Тоа е задоволство за еден професор по политички систем и Уставно право кој вели дека мора да се стави крај на транзицијата, вели Силјановска.

Таа додава дека не е човек кој сака или потонува во триумфализам и вели дека допрва следи битката.

-Мислам дека ако ние добивме олкав број на гласови и ако на тие ги додадеме гласовите на Река приказната е јасна. Обајцата ние зборувавме за владеење на право, правна држава, за крај на корупцијата и криминалот, приказната е европска и само со таква приказна ние ќе можеме да добиеме преговори и да зачекориме кон Европската Унија. Во спротивно ќе останеме закопани во транзицијата, нашите тези се за демократска консолидација, рече Силјановска.

Таа додава дека претседателските избори се само почеток на предвремените парламентарни избори.

Коронавирус